Остров - Закинтос
ЗАКИНТОС е трет по големина, од седумте поголеми јонски острови, а воедно и еден од најубавите грчки острови, се наоѓа во јужниот дел на Јонското море. Широките песочни плажи со егзотични заливи и 123 км долга обала, со години овој остров ги превлекува туристите. Закинтос е најпознат по големите морски желки наречени “CARETTA CARETTA” кои на Закинтос се заштитен вид бидејќи таму се размножуваат.
ЛАГАНАС се наоѓа на јужниот дел на островот одалечен 8 км од градот Закинтос и 7 км од аеродромот. Својата најголема популарност ја должи на преубавите песочни плажи и на лудиот ноќен живот. Предноста на Лаганас е што ја има една најубавите песочни плажи долга 5 км. Целата област е позната по големиот број ноќни клубови и барови. Ова не е местото кое го посакувате да го посетите доколку сакате мирен одмор.
План За Патување
1.ДЕН / СКОПЈЕ – ГРЦИЈА:
Состанок на групата на договорена локација во Скопје, тргнување во попладневните часови (околу 17:00-18:00 часот) пред С.Ц Борис Трајковски. Следува возење преку Македонија и Грција со кратки паузи поради одмор, како и за регулирање на граничните формалности.
(ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОАЃАЊЕ СЕ ДОБИВА 1-2 ДЕНА ПРЕД ДАТУМОТ НА ПОАЃАЊЕТО)
2 – 7 .ДЕН / ЗАКИНТОС:
Во раните утриснки часови следува пристигнување на пристаништето Килини. Влегување на траект и пловење до островот Zakintos. Пристигнување на островот во местото Laganas. Според правилата влегувањето во собите е после 14:00 часот. Престој на Zakintos 7 ноќи… Laganas е познат по многубројните ноќни клубови, ресторани, таверни и барови каде што ноќните забави траат до раните утрниски часови. Сигурно е дека овде ќе пронајдеме одлична комбинација на одмор и добра забава. Журки, феноменални плажи и многу многу активности ќе го одбележат нашиот престој на Zakintos ова лето.
8 .ДЕН / ЛАГАНАС – КИЛИНИ – ГРЦИЈА:
Во утринските часови следува напуштање на сместувањата (во период помеѓу 08:00 и 09:00 часот) и пакување на куферите во автобус. Слободно време. Трансфер до пристаништето каде следува возење со траект, од каде продолжуваме со патувањето преку Грција со попатни паузи за одмор и регулирање на царински формалности… Предвидено пристигнување во Скопје е после полноќ.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА
Сместување на база 7 ноќевање во повеќе креветни апартмани/студија/соби во избраниот хотел или вила на Закинтос/Лаганас
Превоз со високо туристички автобус на релација Скопје – Лаганас – Скопје
Организација на аранжманот и пратител на групатa
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА
– Задолжителна туристичка такса за Грција – 7 еур. / лице – (за цел престој, се плаќа на лице место при пристигнување во сместувањето)
– Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување – 8 еур. (се плаќа во агенција)
– ЗАДОЛЖИТЕЛНА доплата за траект на релација Килини – Занте – Килини – 45 еур. / повратна карта (се плаќа во автобус)
– Факултативни излети
– Индивидуални трошоци.
Достапни региони за оваа дестинација:




















